Референдумот е можност да се слушне народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата за одржување референдум како можност да се слушне гласот на народот во врска со „францускиот предлог“ и условите наметнати од Бугарија за асоцирање на Македонија со ЕУ.



„Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа?

Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи? прашуваат од партијата.

„Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта. Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт. Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува“, се вели во партиското соопштение.