Интересна споредба на референдумот што треба да се одржи есенва во Македонија со оној во Грција во 2015 година е изнесена во анализа на грчки „Катимерини“ со оценка на авторот Том Елис кој смета дека „за прашање од национално значење нашиот сосед на север се покажа … во извесна смисла е позрел од Грција“.
Откако потсетува дека премиерот Зоран Заев, одржува средби за референдумот со политичките лидери на кои „ги разгледуваат различните аспекти на референдумот, од датумот на одржување и каков вид на карактер ќе има, до составот и улогата на изборната комисија која ќе го надгледува и точното прашање кое ќе биде поставено пред граѓаните“, авторот констатира:
„… лидерите на БЈРМ се чини дека се справуваат со чувствителното прашање што ќе влијае на иднината на нивната земја на многу поодговорно начин од нашето раководство кога ги повика луѓето на клучниот референдум од јули 2015. Тоа беше време кога, исто така, иднината на оваа земја беше во прашање во однос на нејзината позиција во еврозоната, а можеби и нејзиниот однос со Запад воопшто.
Во таа прилика, грчката влада немаше консултации со партиите од опозицијата, туку одлучи сама а го стави на „брза лента“ референдумот во рок од една недела од неговото објавување. Беше поставено премногу сложено прашање од 70 зборови кои се однесуваа на три меѓународни организации, датуми, па дури и оригинални наслови на англиски јазик на релевантните договори со доверителите“ потсетува авторот на тексот.
Дури беше дизајнирано и посебно гласачко ливче на кое на врвот беше поставена „патриотската“ опција „Не“ , а опцијата „Да“ – која беше претставена како опција на приврзаниците на канцеларката Меркел –беше на дното на референдумското ливче.
„…пјРМ не може да се опише како развиена европска демократија – далеку од тоа. Сепак, се осмелувам да кажам дека за прашање од национално значење нашиот сосед на север се однесува со почит кон своите институции, и во извесна смисла е позрел од Грција“, заклучува авторот на написот во „Катимерини“.




