Јас сум здрав и добар , порача преку видео постирано на Фејсбук пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој денеска не се појавии на седница во Собрание што предизвика бројни шпекулации околу неговото „исчезнување“..
„Претседателот Биљал Касами и останатите во Беса немаат потреба да бидат загрижени, јас сум добро и на сигурно, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир, слобода и просперитет во земјата и продолжување на НАТО и ЕУ курсот. Имам извесни закани од некои лица, но откако тоа ќе биде минато ќе се појавам пред медиумите. Да се ангажираме сите за добро на државата, народот и демократијата, на сите, Албанци, Македонци и сите други кои живеат во Северна Македонија. Се гледаме наскоро. Ви благодарам“, порача Реџепи.
Видеото на следниот ЛИНК







