Реџепи ќе ги урива СДСМ и ДУИ но не сака неговиот потпис да стои во редот на Левица

Се залага за рушење на власта на СДСМ и ДУИ, ама не сака неговиот потпис на стои на список каде се потпишани пратеници од Левица. Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи дециден, кога ја составувале листата, Левица не била дел од неа.



„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“, рече Скендер Реџепи, пренесува Алсат.

„Сите пратеници беа убедени дека Левица не потпиша и во духот на ова се договоривме да потпишеме. И ставот на Алтернативата е ист. Не дозволувам мојот потпис да остане со оној што го валка албанскиот јазик и идентитет. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, изјави Реџепи.

Сепак Реџепи не ја става под прашање поддршката на опозицијата да ја урне власта на ДУИ и СДСМ и во собранието ќе гласа за нова влада, брифираат извори во Алијанса за Албанците.