Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди, некогашен член на Алтернатива, кој ја обелодени средбата Гаши-Заев во Струмица, жестоко на Фејсбук го нападна лидерот на Алтернатива.
Тој очигледно не е задоволен од изјавата на Африм Гаши дека „како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата“ и дека не му е јасно „ по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“.
Реџепи на ова вели дека “кланот на Алтернатива не остава неизедена цреша“, бидејќи како што додава, “преку ноќ ја обвинуваат владата за предавство и недоверба-утредента му седнуваат на Заев во скут“.
Денеска ја обвинуваат ДУИ за корупција – додека вчера му се заколнаа на лојалност на Али ако не им се одземе Здравство;
Наутро ја обвинуваат огнената група за криминал – попладне му одат на Изет во општината да му се придружат;
Цело време обвинуваат дека ВМРО е антиевропска – додека со часови чекаат средба со Мицковски;
Ја објавија Алијансата за спас на Груби – додека први им честитаа за позициите на министрите на Таравари;
Дури и со Беса се подготвени да се здружат и покрај сите обвинувања изнесени во минатото;
Останува само уште една средба со Апасиев, (упс заборавив дека заедно со него сакаа да не испратат во Русија);“, напиша Реџепи на Фејсбук.







