И покрај тоа што процесот на вакцинација мораше да чека со денови поради симулацијата на процесот на вакцинацијата што ја објави министерот Филипче, на терен, во реалноста се случуваат редици.
Сведоци од вакцинација и медиуми објавуваат материјали на кои се гледаат турканици пред главниот пункт за масовна имунизација, салата Борис Трајковски во Скопје.
Најголем дел од луѓето носат маски но додека чекаат на високите температури во ред тие се на помалку од 1,5 метри еден од друг колку што налагаат мерките на владата.
Дел од тие што чекаат информитаат дека во редовите се појавува нервоза која засега се манифестира само со вербални инциденти.
Според министерот за здравство Венко Филипче процесот се одвива без никакви проблеми.
Да се молиш за вакцина….ни ред ни поредок ..како и се во државава..далма ќе те мавне од топло… pic.twitter.com/hyvXFQBwpc
— DOKTOROT (@DOKTOROT3) May 4, 2021
Држава што не може да стави еден телевизор и да пушта луѓе со бројчиња не смее да се дозволи да егзистира.
Од денес сум соработник со окупаторот! pic.twitter.com/RHi5iu1SXt— Професионалец (@Jovanovski_mk) May 4, 2021





