На вршителот на работите на словенечката амбасада во Москва му била врачена нота,со која се бара намалување на бројот на вработени во амбасадата за четири лица, соопшти руското Министерство.
Се наведува дека ова е одговор на „непријателските“ чекори кои Љубљана ги презела претходно.
Четирите лица имаат во рок од 10 дена, да ја напуштат Русија.
„По принципот на реципроцитет, донесена е одлука за корекција на условите за работа на словенечката дипломатска мисија, со оглед на ситуацијата во која се најде нашата амбасада во Љубљана“, додаваат од руското Министерство.







