Во Украина останаа само 2.200 платеници од речиси 12.000 кои се собраа за да војуваат за Киев откако ескалираше конфликтот, соопшти руското Министерство за одбрана.
Вкупно 11.675 странски борци од 84 земји се регистрирани како влегле во украинска служба од февруари 2022 година, изјави портпаролот на Министерството, генерал-полковник Игор Конашенков, за време на дневниот брифинг.
Убедливо најголем број странски борци отпаѓаат на Полска – повеќе од 2.600. Следуваат САД и Канада со по над 900, потоа Грузија со повеќе од 800, Велика Британија и Романија со по над 700, Хрватска со повеќе од 300, Франција со над 200, како и сириските територии под турска контрола.
Од сите нив вкупно 4.845 странски борци загинаа во битка, а 4.801 избегаа од Украина, оставајќи само 2.209 на активна должност во украинските вооружени сили до 30 јуни годинава, истакна Конашенков.
Според него, Киев ги интензивирал напорите за регрутирање платеници во Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток, поради тоа што се соочува со недостиг на воена сила дома.






