Остануваат на сила истите мерки за влез бп Грција. Потребен е сертификат за вакцинација со важност до девет месеци, или потврда за антитела (потврда за прележана болест со важност до 180 дена) или пак негативен тест не постар од 72 часа. За лицата со трета доза, нема ограничувања.
Правилата ќе важат до 4 април 2022 година, јавува МИА.
За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата.
Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.
Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР-метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот.
Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.
Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.
Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам.





