Речиси 3.000 македонски граѓани годинава побарале бугарски пасош

Според информациите на бугарскиот министер за правда, во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош.



Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија, но македонските граѓани се на трето место меѓу барателите.

Најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања.