Речиси 20 милиони евра за ПЦР тестови на приватно потрошиле граѓаните – утврдил ревизорот

epa08341321 Health personnel from the House Laboratory carry out blood tests to identify possible cases of positivity to COVID-19, in Genoa, Italy, 03 April 2020. Countries around the world are increasing their measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease and boost pharmaceutical research fot a medical treatment of the lung disease. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

За три години македонските граѓани потрошиле речиси 20 милиони евра за да направат ПЦР тестови за во време на пандемијата, утврдил државниот завод за ревизија при „чешлањето “ на сметките на Фондот за здравство. Ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитост на финансиските извештаи на Фондот за 2021 година. Клучните системски слабости се не ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари. Тоа значи дека само 10 болници во земјава биле финансиски одржливи.



Во декемрви 2021 година најзадолжена била клиниката за онкологија со доспеан долг од 6,4 милиони евра, веднаш по неа е градската болница „8-ми септември“ со долг од 4,3 милиони евра која за време на пандемијата беше претворена во ковид центар и примаше само пациенти заразени со коронавирус, додека другите оддели не примаа пациенти. Но и пред пандемијата, односно во 2019 година оваа болница го „држеше“ второто место со вкупен доспеан долг од 4,7 милиони евра. На трето места на ранг листата на задолжени болници во 2021 е Институтот за трансфузиона медицина со минус од 4,3 милиони евра.

Ревизорот забележал дека ФЗО нема воспоставен квалитетен систем на контрола за проверка на фактурираните услуги, како и врз реализацијата на условениот надоместок кој што им се плаќа на болниците. Во извештајот се утврдени и слабости во контролата при препишување и издавање на лекови, и исплата на боледување за 2021 година.

Клучните препораки на ревизорот за ФЗО се дека е потребно да се воспостави систем на планирање, следење и контрола на извршените здравствени услуги и издадени рецепти, како и контрола кај условениот надоместок за болниците и клиниките.