Речица: Со лошо одиграната улога ЕУ стана деструктивна сила за Македонците

Политикологот Влора Речица предвидува засилени поделби меѓу Македонците како резултат на лошата изведба на ЕУ во процесот на догорање на почетокот на преговори.



И во двете можно сценарија, прифаќање или одбивање ЕУ креирала лоши последици за Македонија смета Речица според која унијата
наместо кохезивна станува деструкива сила за Македонците.

,,Во овој момент, што и да се случи со францускиот предлог, национализмот и поларизацијата ќе завладеат во Македонија. ЕУ не ја одигра улогата на демократизација како што требаше. Наместо тоа, идеалот на ЕУ стана деструктивна сила за македонскиот народ”, вели Речица која е истражувач во Институтот за демократија од каде е одбиен како неприфатлив предлогот на Макрон.