Речица за македонските скелети пред портите ЕУ: И најголемите верници се разочарани

Политикологот Влора Речица ја коментира уметничката инсталација по повод денот на Европа поставена во центарот на главниот град на Македонија.



Речица на свој начин ја коментира уметноста која го симболизира исчекувањето Брисел да ги исполни своите ветувања дадени на макеоснките граѓани за почеток на преговори.

,,Уметничка инсталација денеска во Скопје во чест на трпението на македонските граѓани на нашиот вечен пат кон ЕУ. Трпението што го покажа секоја голема анкета минатата година е при крај, а за жал, и најголемите верници во идеалот на ЕУ стануваат разочарани”, пишува политикологот Речица.

На фотографијата на Речица се гледаат луѓе кои станале скелети додека чекале пред портите на Европската Унија.