Министерот за здравство Венко Филипче најави дека пациентите ќе може да ги подигнат рецептите од матичен лекар само лично и со лична карта, но и дека сами ќе мора да да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства.
Во туѓо име ќе може да се подигне само рецепт за неподвижни лица.
Овој новитет денеска беше најавен од министерот Филипче, кој најави укинување на квотите за лекови во туристичките центри каде се јавува недостиг за лекови за локалните жители.
Според Филипче, туристите рецептите од матичен ги носеле во туристичките центри и таму ги подигале.
Наесен се планира укинување на квотите и во другите градови.





