Реална опасност до јули вакцина да има само за здравствени работници

Ако Министерството за здравство не успее да најде други производители на Ковид19 вакцини Македонија до јули оваа година може да се надева на вакцинација само на здравствените работници.



Според вчерашната информација на Министерството за здравство Ковакс системот најавил дека вакцината „АстраЗенека“, во Македонија ќе пристигне во март.

Но бројките на оваа вакцина од Ковакс ни оддалеку не ги задоволуваат македонските потреби.

Од Ковакс информирале дека за Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Тоа значи дека до јули до кога ќе трае најголемата опасност од короната ќе може да се вакцинираат меѓу минимални 18 до максимални 28 илјади луѓе (сите вакцинирани мора да добијат две дози).

Тоа значи дека ако нема ниту една друга пратка вакцини како што е сега ќе можат да се вакцинираат само здравствените работници и тоа под услов да се примат максимални 175 илјади вакцини.

Ако Македонија прими минимални 103 илјади вакцини до јули нема да можат да бидат вакцинирани ниту сите здравствени работници кои се околу 25 илјади во Македонија.

Со вчерашната изјава на здравство стана јасно дека Македонија нема скоро да добие вакцини од Фајзер за кои Заев и Филипче рекоа дека се преговара и дека наскоро ќе стигнат.

„Дополнително од Ковакс информираат дека во првиот бран на достава на вакцината „Фајзер“ BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против ковид-19. Од Ковакс механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на „Фајзер“ вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот“, соопшти вчера Министерството за здравство.

Најчитана вест

Во скандал со марихуана вмешани близок на Заев и роднина на зам. министер во МВР