Реал Мадрид и Барселона во трка за Елиф Елмас

Наполи наскоро би требало да се збогува со македонскиот фудбалер Елиф Елмас, бидејќи, како што објавија италијанските медиуми, за неговите услуги сериозно се заинтересирани шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.



Младиот македонски играч има договор со клубот од Неапол до јуни 2025 година и во моментов неговата вредност се проценува на 17 милиони евра, но тренерите на Реал Мадрид и на Барселона, Карло Анчелоти и Чави, веќе отворено најавуваат дека лавовски ќе се борат за потписот на македонскиот „дијамант“.

Анчелоти веќе многу добро ги познава квалитетите на Елмас, бидејќи токму тој го доведе во Наполи пред да заземе тренерското место на Реал Мадрид. Но, според медиумите, и новиот тренер на Барслеона, Чави, е голем обожавател на нашиот репрезентативец и сака да го види во редовите на Барселона.

Од клубот од Неапол засега немаат намера да го продаваат фудбалерот, а тренерот Лучијано Спалети сè поголем простор му отстапува на Елмас во првиот тим.