Во одбрана на лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се јави неговиот татко.
Панче Заев човек кој своевремено бил гонет за кражба на струја денеска реагира на тврдењето на професорот Ненад Новковски кој вели дека преку Зоран Заев разбрал дека од секој идиот има поголем идиот и дека нема граница за нечовечноста на лидерот на СДСМ.
Дебатата започнува по тврдењето на активистка на СДСМ дека не постои човек во државата на кој Зоран Заев му нема помогнато на што професорот Новковски одговара:
“Да! Еве мене ми помогна да сфатам дека од секој идиот поголем идиот може да се најде. И кога мислиш дека претходниците го достигнале дното, пак може да се најде таков што ќе направи уште поголема глупост”, пишува Новковски според кого “Бранко (Црвенковски) беше неранимајко, Грујо (Никола Груевски) подмолен, ама овој (Зоран Заев) нема граница на нечовечноста”.
Испровоциран за оценките за идиотизам и нечовечноста на неговиот син Панче Заев бара Новковски да ја опише нечовечноста на Зоран и го обвинува професорот дека зборува од мака што не добил партиска функција во владата на СДСМ.
“Опиши ја нечовечноста на Зоран или ти е многу мака што не зеде функција што твоите во ВМРО народна не те предложија”, коментира таткото на лидерот на СДСМ Панче Заев кој предходно со навреди го нападна новинарот Бранко Героски.
За наводите дека Зоран бил идиот таткото Панче не реагира во дебатата на Фејсбук.






