Универзитетската професорка Билјана Ванковска на свој начин ја коментира најавата од скопскиот градоначалник Петре Шилегов за поставување новогодишна населба на плоштадот „Македонија“.
„Па, што се буните? Винтерленд си е таман ко за Северна (да не сакате Самерленд да ви направи), а 250.000 евра се помалку од цената за која е шитната Република Македонија“, прокоментира професорката на својот профил на „Фејсбук“.





