Голем дел од првите одлуки на Владата односно уредби со законска сила кои се објавени во службен весник веднаш по прогласување на вонредна состојба не се поврзани со директна битка со Корона вирусот како што очекуваше јавноста.
Меѓу првите одлуки се тие за именување на 10 судии во различни судии во земјава.
Документот од Службен весник објавен денеска предизвика реакции на социјалните мрежи и критики дека се злоупотребува вонредната состојба од страна на владата.
Меѓу првите одлуки дел се однесуваат на помилување на затвореници и на издавање на лиценци за вршење на енергетска дејност.
Прогласи вонредна состојба за да може Заев да избира СУДИИ и помилува осуденици. https://t.co/eflAhI34aw pic.twitter.com/GfxvTWPB61
— 🅰️псаана (@aps_aana) March 19, 2020






