„Илинден“-Тирана контра Пацоли: Во Гора има Македонци, не Бугари

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и неговиот огранок од Голо Брдо реагираат на изјавата на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли во Софија дека во областа Гора живее бугарско малцинство, оценувајќи ја како „флагрантно кршење на човековите права на Македонците во Косово“.



„Повторуваме дека во Косово и во Албанија, во областа Гора, живеат чистокрвни Македонци, а не Бугари! Бараме косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците во Косово! Ја осудуваме бугарската пропаганда на Софија меѓу Македонците во областите Гора во Албанија, Гора и Жупа во Косово, претставувајќи ги за ‘Бугари’. И понатаму повторуваме дека Македонците во Албанија и во Косово се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ! Македонците во Албанија и во Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат ‘Бугари’!“ – стои во соопштението потпишано од претседателот на МД „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и од претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Изјавата на Пацоли ја осудија и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), како и Светски македонски конгрес (СМК).