Премиерот Димитар Ковачевски се пофали на социјалните мрежи дека 80 илјади вработени од денеска почнаа да ја добиваат новата минимална плата од 18 илјади денари, предизвикувајќи жестоки реакции.
Дел од реакциите под објавата на Ковачевски на Твитер:
„300 евра плата, 1.000 евра ОСНОВНИ ПОТРЕБИ без луксузирања, одмори, штедење, купување имот, коли… Ма, немој да ме јеВеш!“;„
„Жален е фактот дека дури 80.000 луѓе живеат на работ на егзистенцијата, а вие со тоа се фалите. Со ова се фалите? Од ова треба да се срамите, го уништивте народот и ја уништивте Македонија. Тој што го пишува твитов ви го руши рејтингот, подобро ништо не пишувајте“;
„Аман бе, многуууу. А бе скријте се, да ви дадат вам да преживеете со 18 илјади. Ало, 138 денари е литар зејтиннннн!“;
„Потрошувачка кошница 31.000 денари. Две плати од 18.000 денари се 36.000 денари. Не е лошо со 5.000 да им купам облека на децата да не идат голи. БРУКА СИ ОВА ДА ГО ПОСТИРАШ И ФАЛИШ КАКО УСПЕХ! 2 ЧИСТИ…“;






