„Сè додека Тајип Ердоган е на чело на Република Турција, не можеме да кажеме „да“ на земјите што го поддржуваат тероризмот, да се приклучат на НАТО“, изјави турскиот претседател.
Според него, „прво Русија не гледа позитивно на овие работи. Особено прашањето за Финска е вознемирувачко за Русија. Зошто? Поради границата. Бидејќи е погранична земја, не го фаворизира влезот на Финска.
Она што е во нашите срца е тоа оваа војна меѓу Русија и Украина да заврши во мир што е можно поскоро, но се чини дека оваа работа ескалира со секој изминат ден се полошо. Во понеделник ќе имам телефонски разговори и со Русија и со Украина“, вели Ердоган.
Турскиот претседател вели дека делегациите од Шведка и Финска кои допатуваа изминатите денови во Турција со намера да го убедуваат да одобри нивни прием во НАТО – не биле на очекуваното ниво.
„Сè уште шетаат терористи по улиците на Шведска, Стокхолм. Тие не се чесни, тие не се искрени. За жал, средбите меѓу Финска и Шведска и нашата делегација не беа на очекуваното ниво“, искоментира тој.
Ердоган вели: „Тие имаат очекувања, но не ги презедоа потребните чекори во однос на Турција, и тие се уште се во процес на нашите разговори, особено Шведска…







