Разврска во Битола: Правела „царски рез“ без лиценца

По вонредниот инспекциски надзор контатирано е дека докторка од Белград, Србија, која нема соодветна лиценца за работа од Лекарската комора во земјава, правела царски рез во Клиничката болница во Битола.



Двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки кои се поведени против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство отркако Обвинителството од Битола вчера отвори предмет за случајот, а од соопштението се дознава дека за овој настан кој се случил на 1 јануари годинава, до нив имало анонимна пријава уште на 12 јануари.

ДСЗИ, ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност, односно давање здравствени услуги на пациенти во оваа болница, од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.

Докторката е сопруга на 33-годишен гинеколог во битолската болница, кој заедно со уште лекар заработија кривични пријави.

Двајцата гинеколози од Битола се пријавени за делото злоупотреба на службената положба и овластување, додека сопругот на докторката од Србија е осомничени за фалсификување службена исправа. Српската лекарка, пак, е пријавена за надрилекарство и за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.