Откако во вторникот по, осумчасовна расправа, не донесоа никаква одлука, Советот на јавни обвинители денеска ќе решава за постапката за разрешување на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева.
Доколку Советот започне постапка, за тоа треба да го информира Собранието.кое треба да ја разреши.
Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот „Империја”.




