Вилма Русковска може да биде разрешена од обвинителската функција на предлог на .Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител.
Комисијата спровела дисциплинска постапка против трите јавни обвинителки, бара за
„За поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители“, велат од Јавното обвинителство.
Комисијата донела одлуки и за другите обвинителки: Ивана Трајчева, која ја заменувала Русковска, е казнета со намалување на платата, а Елизабета Јосифовска е ослободена иако таа го потпишала документот за претрес.
Судирот меѓу Вилма Русковска и ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муамери, резултира со дисциплинска постапка за обвинителките.
Муареми обвинуваше дека претресот во неговите канцеларии не бил во согласност со законот.
Дисциплинска беше отворена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти во случајот откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која раководи.
Русковска беше и суспендирана од работа, а за тоа рече дека оваа атака ја доживува како удар и врз правото и правдата.







