Разрешена директорката на Филхармонија, Тина Иванова

Тина Иванова, директорката на македонската Филхармонија, е разрешена потврди за Телма министерката за култура Бисера Стојчевска Костадинова.



Комисијата формирана од министерството за култура констатирала повеќе неправилности во работата на Иванова. Разрешени се и членовите на Управниот одбор во институцијата бидејќи не делувале навреме и не укажале за неправилностите во работењето на Иванова.

Една од причините за разрешувањето биле неправилностите при издавањето на просториите на Филхармонија, а тука се споменуваат партијата ВМРО-ДПМНЕ и фирмата Бока бистро, закупец на дел од просториите во зградата.

На 7 мај годинава во Филхармонија се одржа конвенција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, некои од обврските од договорот за закуп не биле исполнети, дознава МКД.Мк.

За в.д. директор поставен е Даниел Лазаревски, а повеќе информации од Министерството за култура најавија за денеска.