Разрешен високиот скопски градски функционер приведен за кокаин

Градоначалникот на Скопје објави дека од својата функција е сменет еден од директорите на градските комунални претпријатија. Тој не објаснува зошто е сменете директорот на Улици и патишта но јасно е дека одлуката е поврзана со апсењето на Сенад Смаиловиќ за поседување на кокаин.



“Дозволете ми да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција”, напиша Шилегов на приватниот профил на Фејсбук.

Смаиловиќ стана познат во јавноста кога пред 3 години ја зголеми својата плата како директор за речиси 1000 евра.

Зошто беше уапсен и сменет Смаиловиќ.

Функционер на СДСМ уапсен со наркотици