Разрешен Ване Цветанов

Ване Цветанов е разрешен од позицијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, велат за Фокус високи владини извори.



Неофицијално, Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски била незадоволнa од неговата работа, а воедно периодов изби и скандал со ангажманот на неговата сопруга.

Инаку, Цветанов е на чело на институцијата од 2019 година, кога го постави претходната Влада на Зоран Заев.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, тој беше директор на на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Но, брзо влезе во конфликт со матичната партија, па за време на владеењето на Никола Груевски, беше обвинет и подоцна осуден во случајот „Шпион“.