Разочараниот Османи одбил готов предлог од Софија со кој ќе почнеа преговори со ЕУ (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше гостин на емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ открива неколку интересни и досега непознати моменти за пошироката јавност.



Тој зборувајќи за односите со Бугарија тврди дека од страна на Бугарија му бил понуден готов предлог за решавање на спорот кој ако бил прифатен од македонска страна, Скопје веднаш ќе започнело преговори со ЕУ.

Османи не открива детали за бугарските барања но искажува разочараност од блокадата за ЕУ и начинот на кој се однесува Бугарија кон Македонија.

Османи меѓу другото вели дека непочнување на преговори со ЕУ нема да влијаат на стабилноста на Македонија затоа што за Албанците кои се лојални граѓани на Македонија влезот во НАТО е најважната тема која ги решава сите безбедносни и стратешки дилеми.

Интервјуто на Османи