Млад разочаран лекар кој е на првата линија од битката против Ковид19 ги прашува министерот Филипче и другите во власта дали навистина сакаат да се заминат од државата тој и луѓето како него.
Ниту еден вратен пациент, стотици илјади казна за административни работи во криза а сепак нема плата, открива Горѓи Паскалов, педијатар.
“Од почетокот на пандемијава бевме секогаш во прва линија.
Сите знаете никого не вративме без разлика наш, друг пациент и никогаш не наплативме приватен преглед…
На наша вина, ФЗО не казни стотици илјади денари за администрација што искрено е скроз небитна , битно е да сте живи и здрави ❤️
На крајот од денот мојот тим е без плата во месец септември ( инаку исплата е за јуни-јули)
Остаи политика, остаи администрација
Имаме по 200 прегледи дневно,
Дали стварно сакате да си одиме од овде?”, пишува педијатарот користејќи го хаштагот
#оставетенедабидемедоктори
“Д-р Ѓорѓи Паскалов како педијатар се грижи за здравјето и развојот на најмладите, но дава придонес и за заедницата. 👨⚕️
Го обновивме детското игралиште во #Козле, меѓу кулите на ул. „Јуриј Гагарин“, по иницијатива на докторот и околните жители. Д-р Паскалов презема обврска за одржување на оваа зона за најмладите.
👏 Среќен сум кога гледам успешни луѓе, кои сакаат на конкретен начин да помогнат. Докторе, Ви благодарам”, напиша лани во јуни градоначалникот на Карпош Стефан Богоев за педијатарот.






