Во рамките на размената на заробеници меѓу Украина и Русија, вратени се 215 украински воени лица, меѓу кои и 108 борци од „Азов“.
Ова го соопшти шефот на претседателската канцеларија Андриј Јермак.
„Ова е најдобриот резултат што го постигнавме од почетокот на целосната руска воена инвазија“, рече Андриј Јермак.
Тој прецизираше дека размената се одвивала во неколку фази и на многу различни места.
55 затвореници и се предадени на Русија, меѓу кои и поранешниот заменик Виктор Медведчук – близок до рускиот претседател Владимир Путин и обвинет за предавство во Украина, изјави украинскиот претседател.
Дел од оваа размена се и 10-те воени заробеници, меѓу кои пет Британци и двајца Американци, чиј трансфер од Русија во Саудиска Арабија претходно вчера го објави саудиската дипломатија.







