За стотина дена меѓу две анкети ВМРО-ДПМНЕ успеало да ја зголеми својата ионака висока предност пред СДСМ за неверојатни 25 до 35 илјади гласови.
Според анкетата на Маркет Вижн од последната нивна анкета во февруари рејтингот на СДСМ паднал за 1 а растот на ВМРО-ДПМНЕ е 0,9 проценти.
Ако се земе бројот на гласачи според избирачкиот список на кој има над 1 милион и 800 илјади гласачи еден процент од анкетата е 18 илјади гласачи со што се доаѓа до бројката од околу 35 илјади гласови колку што изнесуваат 1,9 проценти од гласачите според избирачкиот список.
Ако пак се пресметаат реалните гласачи кои живеат во Македонија кои според дел од статистичарите се околу еден милион и 300 илјади гласачи, тогаш 1,9 проценти од анкетата би биле околу 25 илјади луѓе односно еден процент се пресметува на околу 13 илјади гласови.
Според анкетата на Маркет Вижн од крајот на февруари до почетокот на јуни ВМРО-ДПМНЕ дојде до рекордна предност за една опозициска партија во однос на власта во историјата на македонските анкети.
Драматично лош тренд за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува разликата (АНКЕТА)
Една од најголемите причини за падот на довербата во СДСМ и растот на довербата во ВМРО-ДПМНЕ е скандалот со коридорите 8 и 10 Д.
Речиси 9 од 10 македонски граѓани се сомневаат дека во ,,Бехтел и Енка” има корупција





