Различни диоптрии – Царовска положи кај УНИЦЕФ, а падна кај ИРИ!?

Образовниот процес во Македонија доби две сосема различни оценки. Едните се многу позитивни, а другите многу негативни. За иста работа. Можно ли е толку различни да бидат резултатите од истражувањатѐ? Логички, тоа не е возможно, освен ако нешто не е „штелувано“, како што вели народот. Или прашањата не биле соодветно формулирани објави Скопско ехо.



Високи 67 проценти од македонските граѓани дале лоша оценка за квалитетот на образовниот процес за време на корона пандемијата, покажува најновата анкета на ИРИ. 23 отсто од испитаниците одговориле дека образовниот процес за време на кризата воопшто не се променил, а само 8 отсто сметаат дека наставата во време на пандемија се подобрила.

Не одамна министерката Царовска пак сподели нешто сосема друго, па така,
89% од родителите наставата со физичко присуство ја оцениле како одлична или многу добра

80% од родителите ја оценуваат онлајн наставата одлично или многу добро, додека

70% од нив ги оцениле наставниците со одлично или многу добро во однос на тоа како ја реализирале онлајн наставата на далечина, но и наставата со физичко присуство во услови на пандемија.

Линк до целиот текст.