Банкари од Уни Банка во Скопје танцуваа пред експозитурата на банката на плоштадот Македонија, а видеото беше споделено на ФБ профилот на банката.



„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно.

Споделуваме позитивна енергија и емоции“ објавија банкар(к)ите во описот на видеото.