Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил барањето на Кремљ да направи руски тест за Ковид-19 за време на неговата последна посета на Кремљ, открива Ројтерс.



Поради оваа причина тој бил држен на дистанца од рускиот лидер откриваат за Ројтерс извори блиски до Макрон, кои побараа анонимност.

Јавноста беа шокирани од фотографиите на Макрон и Путин како седат на спротивните краеви на масата од 4 метри и разговараат за кризата во Украина.

Некои дипломати и експерти сугерираа дека Путин можеби сакал да испрати дипломатска порака.

Ројтерс соопшти дека на Макрон му бил даден избор: или да направи ПЦР тест од руските власти и да се приближи до Путин, што францускиот лидер го одбил или да се придржува на построга социјална дистанца.

„Но, не можевме да прифатиме дека КГБ ќе ја добие ДНК-та на претседателот“, изјави еден извор за Ројтерс, наведувајќи ги безбедносните грижи доколку францускиот лидер биде тестиран од руски лекари.

Втор извор близок до Макрон потврди дека Макрон направил француски ПЦР тест пред да замине и тест за антиген направен од неговиот лекар во Русија.

„Русите ни рекоа дека Путин треба да се чува во здравствен балон“, рече вториот извор.

Во четвртокот, три дена по средбата меѓу Макрон и Путин, рускиот лидер го прими казахстанскиот претседател Токаев. Двајцата се ракуваа и седеа блиску еден до друг, разделени само со мала масичка за кафе.