„Раздорите во владината коалиција по оставката на Зоран Заев на премиерската позиција го прошируваат теренот за дејствување на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, му создаваат простор да стаса до новото парламентарно мнозинство и да успее да формира нова Влада. Потоа, како премиер да оди и на предвремените парламентарни избори.“ – констатира информативната агенција „Журнал“ во својата анализа објавена со наслов „Лошо со Заев, лошо без Заев, можеби подобро со Мицковски?!“
„Журнал“ пишува: „Зоран Заев стави точка на дилемите дали конечно ќе се повлече, или или ќе остане на позицијата премиер.Тој се повлекува во најкус временски рок и нема намера да го чека декември, па тогаш да ја поднесува својата оставка. Ситуацијата може да ја промени само некој голем меѓународен притисок кон актуелниот премиер, но првите пораки пристигнати од Вашингтон и Брисел не најавуваат такво нешто.“
„СДСМ тешко може да формира нова Влада без Заев“
„Решеноста на Заев да се повлече покрена многу прашања на политичката сцена во Македонија.Иако Заев предупреди дека новата Влада повторно ќе ја формира СДСМ, многу е проблематично гласањето за една нова Влада предводена од социјалдемократите, во време кога ВМРО ДПМНЕ победи убедливо на локалните избори. Тоа ја зголемува веројатноста за политичка дестабилизација и за протести на ВМРО ДПМНЕ, по кои СДСМ може да загуби уште повеќе, додека политичката криза во Македонија може да задобие една уште понеповолна насока. Ова е многу сериозен проблем, но не е и единствен проблем.“
„Затоа што, почетокот на преговори за формирање нова Влада со мандатар од редовите на СДСМ ја отвора ‘Пандорината кутија’ и вади на површина голем внатрешно – партиски раскол кај главните субјекти на сегашната владина коалиција. Првично, тешко е да се најде фигура на мандатар прифатлив за сите партиски струи во СДСМ. Една таква фигура е можеби заменик – премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, но неговото одредување како мандатар – иден премиер е меч со две острици: може да му наштети уште повеќе на имиџот на СДСМ кај Македонците, дека тој е ‘проалбанска партија’. Додека, изборот на првиот премиер – Албанец од редовите на СДСМ, од друга страна, би бил неповолна варијанта за ДУИ, бидејќи изборот на првиот албански премиер од редовите на СДСМ ја урива доверливоста на ‘интегративците’, со оглед дека тоа беше главното ветување на ДУИ.“
„Фаворитот на Заев, Љупчо Николовски во оваа ситуација изгледа е прифатлив за голем дел во СДСМ, како што е случајот и со Оливер Спасовски, чии позиции се наголемо заслабени по поразот на изборите во Куманово. Како соодветна, погодна ‘техничка’ фигура за премиер е можеби и Никола Димитров, но без авторитет како авторитетот Заев тој ќе има многу тешкотии да одредува други министри, бидејќи за секој ресор ќе има големи судири меѓу партиските струи.“
„Отворањето на ‘Пандорината кутија’ предизвикува уште поголеми проблеми за Демократската унија за интеграција. По убедливите изборни резултати ‘Огнената група’ (група на внатрешно – партиски незадоволници предводени од потпретседателот на партијата Изет Меџити), сигурно ќе претендира на главните владини позиции, кои и припаѓаат на ДУИ. Ова првично ќе значи разрешување на Артан Груби од позицијата потпретседател на Владата, а можеби и на Бујар Османи од позицијата министер за надворешни работи. ‘Огнената група’ тешко дека ќе покаже готовност за компромиси, како што се покажа минатата година кога лидерот Ахмети, без да поставува премногу прашања, како главни ‘играчи’ на Чаир, односно на изборните единици 1 и 2, во извршната власт ги одреди Груби и Османи.“
„Ова се нови главоболки за ‘интегристите’, пред се за претседателот Ахмети, кој и во изборната кампања покажа дека тешко се одвојува од Груби. Меѓутоа, евентуалното повторно номинирање на Груби како заменик – премиер може да доведе до ситуација пратениците од ‘Огнената група’ да не гласаат за новата Влада предводена од СДСМ. Дотолку повеќе кога и претседателот на Движењето Беса Билал Касами предупреди дека оваа партија тешко дека ќе гласа за сите предлози на ДУИ. Се претпоставува дека Касами мислел токму на Груби, со кого имаше остри судири во последните денови на кампањата.“
„Се проширува теренот за дејствување на Мицковски“
„Раздорите внатре во владината коалиција излегуваат на површина заедно со оставката на Заев и тие создаваат поволен терен за дејствување на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Во својот настап во медиумите тој ги искажа главните точки, на кои сега ќе ја стави нагласката – формирање нова Влада и распишување предвремени парламентарни избори. Иако бројките не им одат во полза во овој момент, нештата можат да се сменат многу бргу во позитивна насока за ВМРО ДПМНЕ и за Мицковски.“
„По големата победа на локалните избори Мицковски има многу поголем простор да ги ‘утешува’ партиските кадри. Тоа по автоматизам му создава простор за поголема ‘великодушност’ кон малите политички партии, кои се во коалиција со СДСМ. Мицковски сега може да им понуди позиции во извршната власт, вклучувајќи и министерски места, повеќе отколку што може да им понуди СДСМ, бидејќи со губењето на мнозинството на општините очите на сите претенденти за позиции во СДСМ се вперени кон извршната власт.“
„Мицковски може да им дава попримамливи понуди на малите партии, преку ‘еден пратеник таму, двајца пратеници овде’ може да стаса до бројката од 61 пратеници. По оставката на Заев не може да се исклучи можноста и ДУИ да биде дел од новото парламентарно мнозинство и од Владата на Мицковски, се разбира, ако Мицковски се согласи да им го прости на ДУИ ‘предавството’ од 2017 година.“
„Мицковски по секоја цена ќе се обиде да состави нова влада и на предвремените парламентарни избори да оди како премиер, затоа што е убеден дека тоа ќе го зајакне уште повеќе неговиот рејтинг кај гласачкото тело и и оти тоа ќе му овозможи голема победа и на парламентарните избори.“ – заклучува „Журнал“ во својата анализа.





