„Во октомври минатата година ДУИ освои 10.114 гласа во Тетово, а вчера 8.702 гласа. Според овој резултат, ДУИ за една година изгубила 1.412 гласа. На овие избори Движењето Беса забележа зголемување на своето бирачко тело за 1.253 гласачи во однос на минатите избори кога освои 8.367 гласови. Беса вчера доби 9.620 гласа. Според аналитичарот Арбен Раткоцери, овој резултат е изненадување и шлаканица за ДУИ.“ – објави ТВ 21 во статијата со наслов „Раткоцери за изборите во Тетово: ‘Резултатот е шлаканица за ДУИ – Алијансата за Албанците оди кон распаѓање’.“
ТВ 21 пишува: „Можеби е прв пат во овие 20 години да го видиме лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција да објави пораз. Досега ДУИ на сите видови избори била победник. Ова е голема шлаканица за ДУИ.’ – вели Раткоцери.“
„Минатата година Алијансата за Албанците на локалните избори се натпреваруваше во коалиција со Алтернатива. Во тоа време двете партии заедно освоија 3.912 гласа. На изборите за Советот на општина Тетово Алијансата за Албанците и Алтернатива настапија одделно. Алијансата за Албанците освои само 777 гласа, а Алтернатива 1.1118. Вчера двете партии вкупно добија 1.895 гласови.“
„Резултатот на Алијансата за Албанците е катастрофален. Ова беше едно од најголемите изненадувања на овие избори Ако таа продолжи вака, тогаш реално се движи кон распаѓање како политичка структура.“ – оценува аналитичарот Арбен Раткоцери.“
Инаку, претходно на својот фејсбук-профил Раткоцери, кој е и новинар и издавач на весникот на албански јазик „Коха“, со иронија на сметка на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија ДУИ ги прокоментира резултатите од изборите во Тетово: „Изјавата на Али Ахмети за изборите во Тетово наликува на изјавите на дебитантите на фестивали за песни, кои велат дека било најважно учеството, а не наградите. Со сите свои функционери од Тетово во централната власт, ДУИ доживеа дебакл на изборите за Советот на Тетово. Беса влезе силно на ‘политичкиот пазар’.“





