Ратификацијата на Преспански договор одложена за утре попладне

Грчкиот парламент утре во 14,30 часот ќе гласа за Договорот од Преспа, соопшти заменик спикерот Спирос Ликудес, а дебатата во која беа пријавени над 200 пратеници за збор на пленарната седница ќе заврши во 13:30 часот утре.



Иако дебатата се разменуваат жестоки реплики се’ поизвесно е дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван со маргинално мнозинство, односно ќе биде нешто повеќе од потребните 151 глас, спренесува CNN-Greece.

 СИРИЗА иma 145 „сигурни” гласови на кои ќе се приклучат уште неколку од помалите партии  така што владата може да смета на 152 гласови кои ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа.

Нема информации дали одложувањето е и поради најавениот протест вечерва во Атина.