Премиерот Зоран Заев денеска ја отфрли можноста да се одложат изборите поради престојната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во македонското Собрание.
Откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, Протоколот треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.
„Очекуваме и нашиот Парламент да спроведе ратификација и со тоа да станеме полноправна членка на НАТО. Треба да се земе предвид дека во Шпанија на 10 ноември се одржуваат избори, така што ни остануваат цел декември, јануари, па и февруари да се заврши процедурата, рече Заев и додаде дека се чека во Шпанија да заврши изборниот процес и формирањето на владата, по што и таму ќе се пристапи кон ратфикацијата.
Уште три ратификации ја делат Северна Македонија од полноправно членство во НАТО: Франција, Холандија, и Шпанија.




