Расте неизвесноста за тоа кој ќе биде лидер на СДСМ

Одлуката на владеачката СДСМ да нема повеќе од еден кандидат при изборот на нов лидер на партијата на утрешниот конгрес предизвика многу иронични коментари во јавноста.



“Зоран Заев во водство пред Зоран Заев. Но рано е да се каже, гласањето е во тек и неизвесноста продолжува кој ќе биде идниот лидер на СДС”, пишува популарниот професор.

Една од најдуховитите забелешки на социјалните мрежи е од професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски кој докторирал на врвен јапонски универзитет.

На саркастичната анкета на Кирјаковски засега во водство е премиерот Зоран Заев а на второ место е лидерот на СДСМ Зоран Заев.