Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш во текот на вечерните и ноќните часови биле третирани вкупно 15 пациенти, 12 возрасни и три деца, поради последици од труење со амонијак поради истекување од цистерна што паднала од пругата меѓу Пирот и Бела Паланка, пишуваат српски медиуми.



Според последниот лекарски извештај од 6 часот утринава, сите пациенти во моментов се во стабилни витални параметри и не се во животна опасност.

Да потсетиме, цистерна со амонијак излета синоќа од шини меѓу Пирот и Бела Паланка.
Амонијакот истекол во реката но се раширил и низ воздухот.

Постар маж, хроничен срцев пациент, синоќа бил пронајден мртов во возилото со кое излетал од патот кај Пирот.

Засега нема информации за причината за смртта, а како што најави директорот на Општата болница во Пирот, Горан Петровиќ, телото ќе биде испратено на обдукција.

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ денеска изјави дека од една цистерна се уште тече амонијак, а мерењата покажуваат дека концентрацијата на амонијак во Пирот е на нула.

„Важно е луѓето што помалку да излегуваат од дома, иако состојбата со амонијакот според мерењата во Пирот е нула, но особено да се избегне приближување кон тој дел од теренот на клучката Пирот-запад. Полицијата гоблокираше автопатот“, рече градоначалникот, пренесува РТС.

Секторот за вонредни состојби на местото на инцидентот, дека четири цистерни излетале од шините, и дека ниту една не завршила во реката и дека од таа една цистерна истече половина од волуменот на амонијак.