Расте бројот на заразени, заболени се околу 9 % од тестираните

Еден починат и 36 нови случаи на Ковид-19 во земјава во изминатото деноноќие, информираше Министерството за здравство.



Според соопштението на Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 13 оздравени пациенти – во Скопје 6, во Куманово 2, во Прилеп 1, во Тетово 1, во Македонски Брод 1, во Пехчево 1 и во Виница 1.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај. Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419“, наведено е во соопштението.