Расте бројот на заболени од рак во Косово

 

Повеќе од 2.000 случаи на рак се регистрирани од почетокот на оваа година, соопшти Универзитетската клиничка служба на Косово.



Тоа претставува зголемување за речиси 15 % во однос на 2022 година, кога биле регистрирани 1.50 случаи, пренесе МИА.

Универзитетската клиничка служба соопшти дека од јануари 2023 година на Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово им се нудат 50.000 онколошки услуги, јавија приштинските медиуми.

Регистарот на случаи претставен за првпат на Клиниката за онкологија евидентира бројка од 2.000 нови пациенти за 2023 година, што сведочи за прогресивен пораст на малигните заболувања.