Расте бројот на блиски соработници на Заев кои имаат проблем со законот (ФОТО)

Со истрагата за кумашинот и генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири порасна борјор на блиски соработници на екс премиерот Зоран Заев кои имаат сериозни проблеми со законот.



Зекири е шестиот високопрофилен функционер на СДСМ, луѓе од медиуми, од правосудството кои бил близок до Заев или за кои Заев до последно не признавал дека се виновни.

На листата на блиски луѓе на Заев кои имаат сериозни проблеми со законот се веќе осудените Катица Јанева и Боки 13 како и екс градоначалникот на Ново Село познат како Боро Малборо кој беше осуден за шверц со цигари.

Понатаму на листата на луѓе со проблеми со законот кои се во фаза на истрага се екс генсекот на владата Драги Рашковски и екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

На листата на блиски луѓе на Заев е и екс министерот за здравство Венко Филипче за кого ДКСК побара да биде казнет додека беше министер затоа што го прекршил законот одејќи со возило на Агенцијата за разузнавање на партиски митинг на СДСМ во Штип.

Ниту владата на Заев ниту оваа на Ковачевски не го казнува Филипче за утврденото прекршување на законот.

Со тројца од наведените Заев Заев освен службено се дружеше и приватно возејќи мотори.

Со двајца за кои до последно тврдеше дека се невини, според фотографиите имал блиски средби а на едниот му е кумашин односно главен сведок на венчавка.

Тројца од нив се до струмичко потекло а петмина биле високи функционери на СДСМ.