Комисијата за мадатно имунитетни прашања во Собранието, расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, во негово отстуство.
Иако бил поканет заедно со членовите на Комисија, екс-премиерот не се појавил во Собрание.
Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат доаѓа по известувањето од Основниот суд за потврдената пресуда за затворска казна во траење од 2 години во случајот „тенк“. Груевски доби упатен акт утре да се јави на издржување на казната.
Потребно е 2/3 мнозинство во парламентот за одземање на мандатот на екс-премиерот и сегашен пратеник, но неизвесно е дали ќе биде обезбедено откако осумтемина поранешни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои направија нова парламентарна група и ги поддржаа уставните измеи, се изјаснија дека нема да гласаат „за“ одземање на мандатот на Никола Груевски.





