Раскол во Алијансата за Албанците откако Таравари се судри со крилото на Села а министерот за правда Кренар Лога му се спротивстави на лидерот.
Според Лога кој важи за дело од крилото на екс лидерот Зијадин Села Алијансата за Албанците оди сама на избори.
,,Поаѓајќи од медиумскиот интерес и општото јавно мислење, сакам да ве информирам дека Алијансата за Албанците нема разгледано никакви барања до нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборните коалиции”, напиша на својот фејсбук профил Генералниот секретар на АА, Кренер Лога.
„Во сила е одлуката на Централното Претседателство, која е изгласана едногласно Алијансата за Албанците да оди сама на избори. Го повикувам Собранието на АА да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството“, напиша Лога.
Претходно, Таравари на фејсбук објави:
„Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чека на промена“.
Огромен удар за ДУИ, Таравари избра со кого ќе настапи на изборите






