Раскол на „Илинденска“: За Министерството за правда, неуставен е Законот за рестрикции

Судир во владата за предлогот за Законот за рестриктивни мерки со кој се предглага црните листи на САД и Велика Британија да бидат основа за навлегување во граѓански права, да се забранува лица од црните листи само на овие две држави да бидат носители ја јавни функции итн.. Едногласноста, не е едногласна. Додека владата соопшти дека едногласно измените биле доставени до Собрание, сепак од министерството за правда сметаат поинаку.



„Остануваме на ставот дека предложените измени не се во согласнот со Уставот и се во спротивност со Европската конвенција за човекови права како и со принципот на владеење на правото и правната држава“, одговориле од Министерството за правда, за МКД.мк на прашање дали изменте биле едногласно узвоени и испратени во Собранието. 

На 26 јануари Владата го соопшти спротивното односно дека на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство:

„На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата на 26 јануари.

Мислењето од правната и бизнис фелата дека со овој закон ќе служиме за потсмев кај странците, а државата се става над правото и законите не било многу важно за Димитар Ковачевски. И покрај негативното мислење од неговиот министер, пред да ја напушти Фотељата, Ковачевски во петокот ставил парав на измените на законот.  Покрај експертите и министерот Лога, против законот е и техничкиот премиер Талат Џафери кој пак го кажа ваквиот став пред да стапи на функција.  Инаку, со измените на законот за рестрикции , Владата станува обвинител, судија и кадија и за физичките лица, но и за компаниите . Централната власт, без правосилна судска пресуда ќе може да одлучува, кој може да биде функционер, кој да смее да учествува на државни тендери, чиј имот да биде конфинскуван.