Член на СДСМ етаблиран меѓу највисоките функционери на партијата јавно реагира и бара заштита од партискиот врв за притисокот што го трпи од директорката на МЕПСО назначена од Зоран Заев.
Вработената во државната компанија МЕПСО Павлина Котеска бара Заев и други највисоки функционери на партијата да реагираат кај генералната директорка Ева ШУКЛЕВА која според Котеска се заканувала на вработените.
“Јавно ја повикувам владата на Р. М. Да си превземат мерки Со моќницата во Мепсо. ЕВА ШУКЛЕВА. Да престани да ни се заканува на вработените. Да ни прави притисоци. И закани на претседателот Goran Stojanovskiна Синдикатот во Мепсо А и мене лично со докази .Зоран Заев Петре Шилегов Mitko Bojmacaliev Mitko Trajculeski RadmilaSekerinska.Damjan Manchevski Edmond Ademi Kosta Kostadinov AdnanDzaferoski.Samka Ibraimoski Mila CarovskaВо време на криза…. Дефинитивно ова друго кажува дека некој измеѓу нас не е наш. Ете добивме поздрав од шефицата на кабинет Милица дека сега ЕВА ќе лобирал по вработени ќе му нудела места и плати поголеми само да го растури Синдикатот. Значи овде е нешто нечисто за тоа некој сака да покрија гнасотилоци. Епа другари реагирајте. Во време на вондредна состојба да нудиш анекси договори за вработување мислам дека паднааја маските на ангелските лица…”, пишува Котеска во јавна објава на Фејсбук.
На профилот на Котеска може да се види дека таа е активна и во контакт со многу функционери од СДСМ а за неа Заев е херој на нејзиното време.
Ева Шуклева заедно со новинарот Љупчо Зиков лани во јули на предлог на владата која ја водеше Заев беа избрани за директори на Мепсо.




