Три лица се убиени поради расизам во продавница во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида, јавува CNN.
На тројцата црнци – двајца мажи и една жена им пришол вооружен маж, кој малку подоцна отворил оган кон нив.
Ова е уште едно пукање на јавно место кое се случило за време на викендот. Претходно во Бостон пукање го наруши редовниот карневал.
Шефот на полицијата во Џексонвил на прес-конференција во саботата вечерта објави дека напаѓачот е белец на 20-те години.
Убиството го извршил од расистички мотиви, бидејќи ги мразел црнците. Потоа се самоуби.
Вотерс рече дека напаѓачот живеел во округот Клеј, Флорида, јужно од Џексонвил, со неговите родители. Тој му испратил порака на својот татко велејќи: „Провери го компјутерот“.
Така таткото ги нашол документите, опишани од Вотерс како манифести, и повикал полиција. Но, неговото предупредување беше предоцна.
За време на прес-конференцијата, на која беше покажано едно од оружјата на стрелецот, беше забележано дека на него се исцртани кукасти крстови со бела боја.






