Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот.
Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“ која ја објавува „Економски Лидер“.
Откако минатата недела, порталот „Експрес“ објави аудио бомба во која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендер тежок 7 милиони евра за државната компанија М-НАВ и попатно користи расизам – утринава свиркач до редакцијата на „Лидер“ достави мемориски стик со аудио материјал на кој се содржат нови компромитирачки материјали кои даваат индиции за кршење на закони на Република Македонија и правила на ЕБРД.
Според аудиото и текстот што го објавува Лидер генсекот на Владата Рашковски бил свесен дека разговорот за Леонардо бил незаконски.
Целата сторија на lider.com.mk на овој линк





